2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНово лого и за Google

Ново лого и за Google

GoogleOldNew

Интернет пребарувачот „Google“ го претстави своето ново лого, со што ги следеше стапките на „Yahoo“ и „Bing“.

На прв поглед новото лого не се разлуикува премногу од старото, освен тоа што малку е променет фонтот и со тоа се создава рамен изглед.

По 2010-та година ова е прв пат „Google“ да го редизајнира своето лого, кога боите беа посветли и сенките беа одстранети. Со новото лого, боите се пригушени малку и буквите се повеќе рамни.

Информатичкиот гигант на пребарувачот исто така го освежи и својот „Google Bar“ за поголема насоченост кон платформи како „Maps“, „YouTube“, „Gmail“ и другите додатоци.

Претходно овој месец, „Yahoo“ усвои ново лого за прв пат од основањето на компанијата пред 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП