12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија повторно ги задржа каматните стапки непроменети

Русија повторно ги задржа каматните стапки непроменети

Централната банка на Русија ги остави каматните стапки непроменети на втор состанок по ред, со што стави крај на годината на нагло монетарно олеснување, откако започна вонредно затегнување во раните месеци од 2022-ра година по војната во Украина.

Главната каматна стапка остана на ниво од 7,5 отсто, се вели во соопштението на веб-страницата на ресорот, кое беше во согласност со прогнозите на економистите во анкета на медиумите.

Сепак, финансиската институција повторно не даде насоки за нејзините следни потези, со што ја задржа својата флексибилност за дејствување и патот на монетарната политика.

„Инфлациските ризици се зголемени и ги надминуваат дезинфлаторните ризици. Ова е резултат на зголемените инфлациски притисоци од пазарот на трудот, влошените услови на надворешнотрговската размена и помеката фискална позиција“, пишува во соопштението на банката.

Регулаторот издаде „понеутрален“ сигнал во октомври откако ја олабави монетарната политика за 12,5 процентни поени. Откако достигна врв од 18% во април, инфлацијата во земјата се забави на околу 12%, или блиску до долниот крај од прогнозата на банката за крајот на годината.

Но, претстојните закани се она што ќе го одреди ставот на гувернерката Елвира Набиулина, која претходно сигнализираше дека лабавата монетарна политика станува извор на загриженост.

„Во моментов, капацитетот за раст на производството во руската економија е сериозно ограничен од условите на пазарот на трудот“, додаваат од одделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП