Сирените за воздушен напад се огласија низ целата земја. Руските сили го гранатираа Керсон, а артилеријата е насочена кон областа Корабени во Херсон, тврди Украина.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека половина Киев е без греење, а третина без струја. Тројца цивили загинаа во украинското гранатирање на Луганск, тврди Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин го посети заедничкиот штаб на сите родови на војската кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина, соопшти Кремљ. Метрото во Киев утрово повторно работи.
Конашенков: За 24 часа 35 украински војници загинаа кај Доњецк
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков денеска изјави дека руските војници јужно од Доњецк во изминатите 24 часа убиле 35 украински војници и уништиле две непријателски оклопни возила.
Регионалните власти: Едно лице загина во гранатирањето на Керсон
Еден маж загина, а една жена е повредена во гранатирањето на Херсон од страна на руските сили, соопшти шефот на регионалната воена управа Јарослав Јанушевиќ.
Сирени за воздушна опасност низ цела Украина
Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев.
Украинската армија истрела шест ракети „град“ кон Доњецк
Украинската армија рано утринава истрела шест ракети „град“ кон Доњецк, соопшти мисијата на самопрогласената Народна Република Доњецк во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата поврзани со украинските воени злосторства.
Харков и регионот повторно имаат струја
Снабдувањето со електрична енергија на Харков и Харковската област е целосно обновено, по вчерашните руски ракетни напади, соопшти утринава шефот на регионалната воена управа Олег Синегубов.
Москва: Не се можни директни трилатерални разговори за нуклеарната централа Запорожје
Русија смета дека директните трилатерални разговори меѓу Москва, Киев и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за заштитената зона околу нуклеарната централа Запорожје не се можни поради моменталната состојба на руско-украинските односи, изјави рускиот постојан претставник во МААЕ Михаил Улјанов.
Кличко: Половина Киев без греење, третина без струја
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко утрово соопшти дека по вчерашните ракетни напади сите граѓани на главниот град на Украина имаат вода, дека половина град има греење, а две третини имаат струја.
Утрово повторно работи метрото во Киев
Во Киев утрово повторно работи метрото, откако неговата работа беше прекината вчера по ракетниот напад на руските сили
Путин со командантите на руските трупи кои се борат во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин го посети заедничкиот штаб на сите гранки на армијата кои учествуваат во војната во Украина, соопшти Кремљ.