3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го одобри деветтиот пакет санкции против Русија: Ова се клучните точки

ЕУ го одобри деветтиот пакет санкции против Русија: Ова се клучните точки

Советот на Европската унија го одобри деветтиот пакет санкции против Русија, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Советот.

Ова се клучните точки од новиот антируски пакет санкции:

-Се продолжува забраната за извоз во Русија на производи и технологии поврзани со воздухопловството, вклучително и беспилотни летала.

-Инвестициите во рударскиот и енергетскиот сектор на Русија се забранети. Замрзнати се средствата на две руски банки, а блокирани се и трансакциите на Серуската банка за регионален развој.

-Започнат е процес за суспендирање на дозволите за емитување на руските телевизиски станици НТВ, НТВ Мир, Русија 1, Рен ТВ и Првиот канал на територијата на Европската унија.

-Забрането е обезбедување услуги за Русија во областа на рекламирање, маркетинг истражување и анкети.

-На граѓаните на земјите од ЕУ им е забрането да заземаат високи позиции во руски државни компании, како и во компании контролирани од Русија.

-Советот на ЕУ воведува механизам кој овозможува одмрзнување на имотот на физичките лица и компаниите кои играат важна улога во трговијата со жито и ѓубрива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП