Командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Ристуќа денеска изјави дека КФОР внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово и Метохија и дека оваа недела во тој дел од покраината се распоредени дополнителни трупи и патроли.
Како што се наведува во соопштението на КФОР, Ристуќа рече дека мисијата го зголемува своето присуство на северот на Косово од октомври и дека има доволно расположливи сили за да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите врз основа на мандатот од Резолуцијата 1244 Советот за безбедност на Обединетите нации.

