25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот Сенат донесе рекорден воен буџет

Американскиот Сенат донесе рекорден воен буџет

Во четвртокот, американскиот Сенат усвои закон со кој се одобруваат рекордни 858 милијарди долари годишни трошоци за одбрана, 45 милијарди долари повеќе отколку што предложи претседателот Џо Бајден, објави „Reuters“.

Сенаторите го поддржаа Законот за овластување за национална одбрана, кој ја поставува политиката на Пентагон, со огромно двопартиско мнозинство од 83 спрема 11.

Гласовите „не“ дојдоа од либералите кои се противат на постојано зголемувањето на воениот буџет и конзервативците кои сакаат построга контрола на трошењето.

Откако нацрт-законот доби поддршка од Претставничкиот дом, останува само потписот на претседателот Бајден да го направи закон.

Буџетот донесен за фискалната 2023-та година вклучува 4,6 отсто зголемување на платите на припадниците на армијата, финансирање за зделки за оружје и поддршка за Тајван, кој се соочува со можна агресија од Кина. Украина исто така има свој дел од новиот воен буџет на САД.

Украина и Тајван

Нацрт-законот и дава на Украина најмалку 800 милиони долари дополнителна безбедносна помош следната година и вклучува голем број одредби за поддршка на Тајван, вклучително и милијарди долари помош за забрзана набавка на оружје. Како одговор, Тајпеј изрази благодарност за поддршката, велејќи дека планираната помош ќе ја подобри воената подготвеност на островот и „ќе ја гарантира слободата, отвореноста, мирот и стабилноста на индо-пацифичкиот регион“.

Нацрт-законот, исто така, овластува повеќе пари за развој на хиперсонично оружје и купување на различни системи за оружје, вклучително и борбени авиони Ф-35 на „Lockheed Martin Corp“ и воени бродови изградени од „General Dynamics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП