Дојави за подметнати бомби на електронски адреси утрово добиле неколку основни училишта во Скопје. Во тек е евакуација на учениците во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“ и „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, а се евакуираат и учениците од гимназијата „Георги Димитров“ во Тафталиџе.
„Утрово имаме пријави од училишта во Скопје. Подетални информации ќе имаме подоцна“, кусо велат од МВР.

