Во нередите кои избија во францускиот град Монпеље, во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство, загина едно момче.
Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа, се наведува дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.

