8 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, дополнително...

Американската ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, дополнително ја намали прогнозата за раст

Американската централна банка (ФЕД) ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, со побавно темпо од претходните зголемувања, но со предупредување дека се уште не е време да се запре и дека стапката треба да надмине 5,00 отсто.

Каматната стапка сега е во опсег од 4,25 до 4,50 отсто, соопшти ФЕД по денешната седница.

Тоа е највисокото ниво од 2007 година. Банката сега очекува забавување на инфлацијата на 3,1 отсто во 2023 година, во споредба со претходната прогноза од септември кога се предвидуваше пад на инфлацијата на 2,8 отсто.

ФЕД, исто така, драстично ја намали својата прогноза за раст за 2023 година, која сега очекува да биде 0,5 отсто од претходно очекуваните 1,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП