29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиматските промени би можеле да ги чинат ЕУ-пензиските фондови милијарди евра

Климатските промени би можеле да ги чинат ЕУ-пензиските фондови милијарди евра

Пензиските фондови ширум Европската унија ќе изгубат милијарди евра од нивните инвестиции во загадувачките индустрии доколку не преземат мерки за ублажување на влијанието на климатските промени.

Ова го покажува стрес-тестот кој опфаќа 187 пензиски фондови со вкупно над 1,98 трилиони евра средства во 18 земји од ЕУ, пишува „Reuters“.

Европската управа за осигурување и професионални пензии (EIOPA) ги тестираше средствата за отпорност на ненадејна, хаотична транзиција кон јаглеродна неутралност, како резултат на задоцнета политика, што би довело до нагло зголемување на цените на јаглеродот.

„Според резултатите, пензиските фондови се „значително изложени“ на ризиците од таквата транзиција“, се вели во соопштението на „EIOPA“.

Кризното сценарио претпоставува значителен севкупен пад од 12,9%, што одговара на загуби на средства од околу 255 милијарди евра, главно од инвестиции во акции и обврзници, наведуваат и европските власти.

Фондовите поседуваа околу 6% од нивниот капитал, како и 10% од нивните инвестиции во корпоративни обврзници на бизниси со интензивна потрошувачка на јаглерод, како што се рударски компании, производители на електрична енергија и гас и компании за копнен транспорт.

„Кога се гледаат и средствата и обврските, влијанието врз коефициентот на финансирање се чини дека може да се управува, што само по себе е смирувачко“, рече претседателката на Европската управа за осигурување и професионални пензии, Петра Хиелкема.

„Сепак, големите загуби на страната на средствата јасно ја покажуваат ранливоста на секторот од климатските ризици, особено во однос на инвестициите во индустрии со интензивна употреба на јаглерод“, додаде таа.

Објавени се само збирни резултати од стрес-тестот, без оценка кои компании успешно го поминале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП