25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПесков: Само праќајте, Русите нишанат

Песков: Само праќајте, Русите нишанат

Русија не добила никаков предлог за „божиќен прекин на огнот“ во Украина, објави Кремљ. Исто така, официјална Москва одговори на испраќањето на „Патриот“.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Русија да започне со повлекување на војниците до Божиќ како прв чекор кон мировниот договор.

Портпаролот на Кремљ одговори на прашањето за испораката на американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, велејќи дека „Патриот“ ќе биде легитимна цел на руските сили, доколку САД го достават ова оружје како дел од воената помош за Киев.

Песков рече дека „Патриотите“ дефинитивно ќе бидат цел на Русија, но дека нема да ги коментира непотврдените медиумски извештаи за испраќање на тоа оружје, пренесе Тасс.

Не е јасно колку ракетни системи ќе бидат испратени, но типичната батерија на ова оружје вклучува радарски сет што открива и следи цели, компјутери, енергетски системи, станица за активирање на проектили и до осум фрлачи, од кои секоја содржи четири проектили.

Украина побара од САД да испратат напреден систем за противвоздушна одбрана со долг дострел, кој е високо ефикасен во пресретнувањето на балистички и крстаречки ракети и да се брани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, потсетува британската национална служба.

Русите повторно го нападнаа Керсон

Шефот на регионалната воена управа во Керсон изјави дека Русите го гранатирале овој регион 42 пати во текот на изминатиот ден.

„Непријателот повторно ги гранатираше станбените области на Керсон. Напаѓачите погодија јахт клуб, училиште, спортски објект и приватни и станбени згради. За жал, има цивилни жртви. Руските окупатори убија едно лице, а друг жител на регионот е ранет“, рече Јанушевиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП