3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple треба да продаде најмалку 6 милиони iPhone телефони

Apple треба да продаде најмалку 6 милиони iPhone телефони

iphone_5s_5c

Најновите модели на телефони на „Apple“, „iPhone 5S“ и „iPhone 5C“ веќе се продаваат во САД. Колку телефони сепак ќе продаде „Apple“ во овој прв викенд?

Аналитичарите кои ја следат компанијата, даваат релативно конзервативни предвидувања. Тие очекуваат да бидат продадени околу 5 милиони во најлош случај и 7.75 милиони во најдобар случај.

Брајан Блер од „Wedge Partners“ ги резимира најдобрите ставови на аналитичарите.

„Се под 5 милиони ќе е лошо за компанијата, а се над 6 милиони може да биде значителен катализатор за цената на акциите. Минатата година „Apple“ продаде 5 милиони телефони „iPhone“ во текот на првиот викенд, па се очекува компанијата да го подобри ова достигнување“, како што вели Блер.

Споредбите со минатата година може да се малку искривени, бидејќи „Apple“ оваа година започна да го продава и „iPhone 5C“. И додека „5C“ е само минатогодишниот „iPhone 5“ со нова маска, „Apple“ го рекламира напорно во обид да дојде до просечниот корисник. „Apple“ има проблеми со рекламирањето на „iPhone 5S“, а првичните испораки на телефонот се ограничени. Проблемот со снабдувањето пак ќе ја ограничи продажбата.

Компанијата треба да продаде 6 милиони телефони „iPhone“ или повеќе. Се под овој број може да доведе до негативна реакција кон акциите на компанијата. Има и уште нешто. Од „Apple“ може да не ја објават продажбата за првиот викенд. Компанијата речиси секогаш ја објавува продажбата во првиот викенд на одреден производ. Некогаш треба да престане да го прави тоа. Но тоа може да се случи сега и ако се случи, може повторно да се очекува негативна реакција, бидејќи луѓето ќе помислат дека компанијата крие нешто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП