4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраматичен пад на пазарот на недвижнини ширум Европа

Драматичен пад на пазарот на недвижнини ширум Европа

Низ Европа, цените на недвижностите драстично паднаа во последните месеци, забележуваат аналитичарите.

По неколкумесечни предвидувања за тоа кога и каде најпрво би можел да падне пазарот на станови, контракцијата најсилно ја погоди Шведска. Вредноста на недвижнините падна за 15% од својот врв, а економистите се загрижени дека „драматичната промена“ може да предизвика најлоша рецесија меѓу 27-те економии на ЕУ. Повеќето шведски хипотеки се прилагодливи, што ги прави чувствителни на зголемување на каматните стапки, пишува Блумберг.

Просечната барана цена на домовите што се продаваат на пазарот во Обединетото Кралство падна за 2,3% минатиот месец, што е најбрза стапка во последните 14 години, додека кириите се зголемија.

Половина од 35-те најголеми француски градови забележале пад на цените на недвижнините за дури 3 отсто во последните три месеци, покажуваат податоците.

Шпанија неодамна ги замрзна каматните стапки и го продолжи рокот на доспевање на заемите за да ги заштити домаќинствата со ниски приходи од хипотекарниот шок.

Падот на цените на недвижностите ја погоди и Грција, каде што куќите сè уште се значително попристапни отколку на друго место во Медитеранот. Грчката влада планира да обезбеди исклучително ниски стапки на хипотека за купувачите кои првпат купуваат.

Заладувањето на пазарот ќе ја зафати и Хрватска. Разликата меѓу бараните и реализираните цени на недвижностите се зголемува и моментално достигнува околу 15 проценти, што значи дека барањата на сопствениците не се секогаш реални, особено кога станува збор за користени недвижности, беше истакнато минатата недела на 34. Бизнис форум за недвижнини. Форумот беше организиран од Здружението на стопански недвижности на Хрватската стопанска комора (ХГК), а како што рече претседателот на тоа здружение Дубравко Раниловиќ, се уште не може со сигурност да се каже како ќе изгледа следната година, но смета дека сигурно ќе има промена на трендовите.

Ќе има одредено забавување на пазарот на недвижности, цените нема да можат да растат на неодредено време на овој начин“, рече Раниловиќ.

Економијата на ЕУ, вклучително и Германија, забавува поради кризата и оди кон рецесија, каматните стапки растат поради инфлацијата,.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП