15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите со дронови го гаѓаа Киев. Добија порака: Слабаци!

Русите со дронови го гаѓаа Киев. Добија порака: Слабаци!

Две административни згради во украинскиот главен град Киев беа оштетени во напад со дрон во средата, соопштија градските власти, додавајќи дека се уште нема информации за евентуални жртви.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека противвоздушните системи собориле 10 дронови „Шахид“ од иранско производство и дека имало експлозии во централниот дел на градот “Шевченко” каде што се универзитетите, галерии и ресторани.

Амбулантни возила се на пат“, напиша градоначалникот на социјалната мрежа.

Ројтерс не можеше независно да ја потврди информацијата.

Главниот град и регионот на Киев сè уште беа под воздушна закана во 6 часот наутро, повеќе од два часа откако прво се огласија сирените.

По експлозиите во Киев, Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, на апликацијата за пораки Телеграм напиша: „Слабаци“.

Од октомври, Русија редовно ја гаѓа енергетската инфраструктура во Украина, оставајќи милиони луѓе во темнина и без греење.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави во вторникот на маргините на донаторска конференција во Париз дека руската војска ја поштедила инфраструктурата на почетокот на агресијата бидејќи верувала дека ќе ја окупира Украина.

Дневни напади се вршат со десет до 20 ракети, беспилотни летала и артилериски оган, а имало и осум масовни напади со 70 до 100 ракети истовремено, кои биле насочени исклучиво кон енергетската инфраструктура, рече Халушченко.

Пред војната Украина добиваше повеќе од 60 отсто од електричната енергија од нуклеарните централи, а само 28 отсто од термоцентралите на јаглен и 5 до 6 отсто од хидроцентралите.

На меѓународната конференција за помош на Украина организирана во Париз, во вторникот беа собрани речиси 1 милијарда евра донации за да му се помогне на населението да ја преживее зимата во земја со инфраструктура уништена од руските напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП