8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина е првиот финалист на Мундијалот во Катар - Меси и Алварез...

Аргентина е првиот финалист на Мундијалот во Катар – Меси и Алварез ги победија Хрватите!

Кога Лео Меси има своја ноќ, нема помош! Фудбалската репрезентација на Аргентина е првиот финалист на Светското првенство во Катар. „Гаучосите“ беа многу подобри од хрватскиот тим во полуфиналето.

Натпреварот на стадионот „Лусаил иконик“ заврши со убедлива победа на Аргентина од 3:0.

Фудбалерите во сино-бели дресови славеа сосема заслужено. Два гола постигна младиот напаѓач Хулијан Алварез, еден Лео Меси од пенал.

Аргентина во финалето ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка меѓу актуелниот светски првак Франција и најпријатното изненадување Мароко. Тој дуел се игра во среда.

Финалето на Светското првенство е закажано за в недела. Ден порано Хрватска ќе се бори за третото место против поразениот од дуелот меѓу Франција и Мароко.

Аргентина ја посакува третата титула светски првак, прва по 1986 година кога славниот Диего Марадона ги предводеше до самиот врв.

Најблиску до таа цел беа во 1990 година повторно со Марадона во тимот и во 2014 година предводени од Лео Меси, кој и овојпат ќе ги предводи гаучосите.

Интересно е што пред четири години дуелот на овие две селекции заврши со повеќе од убедлива победа на Хрватска од 3:0. Овој пат комплетен реванш на Аргентинците!

Аргентина – Хрватска 3:0

(Стрелци: Меси 34 пенал, Алварез 39,69)

Аргентина: Е. Мартинез – Молина, Ромеро, Отаменди, Таљафико – Де Пол, Паредес (62. Лисандро Мартинез), Е. Фернандез, Мекалистер – Меси, Алварез. Селектор: Лионел Скалони.

Хрватска: Ливаковиќ – Јурановиќ, Ловрен, Гвардиол, Соса (46. Влашиќ) – Брозовиќ, Ковачиќ, Модриќ – Пашалиќ (46. Оршиќ), Крамариќ, Перишиќ. Селектор: Златко Далиќ.

Судија: Даниеле Орсато (Италија)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП