5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИЗМАМНИК ПО КОЈ ВРИШТИ ЦЕЛА ПЛАНЕТА: Банкмен-Фрид обвинет во САД, со манипулации...

ИЗМАМНИК ПО КОЈ ВРИШТИ ЦЕЛА ПЛАНЕТА: Банкмен-Фрид обвинет во САД, со манипулации заработил 26 милијарди!

Сем Банкмен-Фрид, основачот и поранешен извршен директор на крипто берзата FTX беше обвинет денеска во САД за измама, заговор за перење пари и прекршување на законот за финансирање на кампањата.

Обвинението за осум кривични дела поднесено од Канцеларијата на државниот обвинител на Њујорк следи по граѓанската тужба за измама на инвеститори поднесена од американската Комисија за хартии од вредност, објави АП.

Полицијата на Бахамите го уапси Банкмен-Фрид (30) во понеделникот, откако доби официјална потврда од САД за кривичната пријава против него.

Меѓу другото, Банкмен-Фрид е обвинет дека користел депозити од клиенти на FTX за плаќање на долгови и трошоци на неговиот ризичен фонд Alamida Research.

Обвинението, исто така, наведува дека Банкмен-Фрид и други заговарале да ги прекршат федералните закони за политички донации. Банкмен-Фрид бил еден од најголемите донатори на Демократската партија, но според неговите сопствени тврдења давал пари и на републиканците.

Други ентитети на FTX, исто така, даваа пари и на демократите и на републиканците за лобирање за поволно законодавство за криптовалути. Пред падот на FTX, богатството на Банкмен-Фрид се проценуваше на 26 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП