19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај посилниот раст британската економија нема да се спаси од рецесија

И покрај посилниот раст британската економија нема да се спаси од рецесија

Британската економија закрепна малку посилно од очекуваното во октомври, кога беше погодена од празникот за одбележување на погребот на кралицата Елизабета Втора, но рецесијата останува можност, покажаа податоците објавени во понеделникот.

Бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголеми за 0,5 отсто во октомври, откако забележа пад од 0,6 отсто еден месец претходно, соопшти Канцеларијата за статистика на Обединетото Кралство (ONS). Очекувањата на економистите анкетирани од медиумите беа за послаб раст од 0,4%.

И покрај позитивното изненадување, податоците веројатно нема да го сменат ставот на инвеститорите и аналитичарите дека на Британија и претстои тешка 2023-та година.

„И покрај растот во октомври, ќе биде потребен значителен пресврт во монетарната политика и/или глобалните услови за да се смени надолната економска траекторија на Британија“, рече Џорџ Лагаријас, главен економист во „Mazars“.

Како одговор на податоците, министерот за финансии Џереми Хант коментираше дека претстои „тежок пат“.

„Како и остатокот од Европа, ние не сме имуни на шоковите од пандемијата на коронавирусот, војната на Путин (рускиот претседател Владимир) и високите глобални цени на гасот“, објасни Хант.

Во трите месеци до октомври, британската економија се намали за 0,3%, што е помал пад од просечната прогноза за пад од 0,4%, но и најголем од почетокот на 2021-ва година.

Банката на Англија треба да го одржи својот последен состанок годинава овој четврток (15-ти декември) во обид да го намали ризикот од надминување на инфлацијата над границата од 11%. Минатиот месец, регулаторот рече дека британската економија би можела да западне во двегодишна рецесија доколку каматните стапки се зголемат колку што очекуваат инвеститорите. Дури и без дополнителни зголемувања на стапките, се очекува економијата да се намали во пет од шесте квартали до крајот на 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП