20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКовачевски доби леб и фискална сметка, доказ дека цените не се намалуваат(ВИДЕО)

Ковачевски доби леб и фискална сметка, доказ дека цените не се намалуваат(ВИДЕО)

Десет минути пред почетокот на денешната прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски, новинарот на ТВ Алсат, Мефаил Исмаили купил леб, за со фискалната сметка да докаже дека ништо не е намалено за 10 проценти. 

Според него, цената на лебот кој го донесе била иста пред три недели и денеска, и покрај најавувањето на министерот за економија, Крешник Бектеши на 10 ноември, дека до 20 ноември ќе има намалени цени на прехранбените производи.

Ковачевски пак, го зеде лебот од новинарот, како и фискалната сметка и посочи дека знае колку е цената, бидејќи и тој го купувал истиот леб.

„Се согласувам со вас во делот на снабдувањето со основни прехранебени производи. Јас го купувам овој леб, знам која му е цената. Она што го направи Владата, сите сме сведоци дека министерот имаше состанок со претставници од сите стопански комори. На состаноците се дојде до заклучок дека постојат неколку фактори кои ја зголемуваат цената – цената на суровините, која расте поради војната во Украина, а потоа цената на струјата. Со одлука на Владата излеговме во пресрет, направивме цената да биде пет пати помала од берзанската, да биде 80 евра за мегават-час. Со претставници на стопанските комори во делот на основни прехрамбени производители беше постигнат договор цените да бидат намалени за најмалку 10 отсто. И тогаш беше прашано, дали доколку не го направат тоа, дали Владата има механизми да реагира. Да, постојат механизми. Кај дел од прехранбените производи веќе има намалена цена, тоа е видливо кај маслото кое е намалено на 40 денари и кај одредени производи на леб“, рече Ковачевски, кој посочи дека Државниот пазарен инспекторат треба агилно да ги направи сите потребни инспекции за да се дојде до намалување на цените.

Ковачевски најави и нови состаноци на министерот Бектеши со стопанските комори, на кои треба да се разговара за тоа до каде е намалувањето на цените на прехранбените производи по договореното на претходните состаноци.

А.Т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП