Нафтено поле со резерви од 150 милиони барели е откриено во југоисточна Турција во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Откривме 150 милиони барели резерви нафта околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на копно откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари“, рече Ердоган, пренесе Тас.

