Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република.
Почесниот конзул Анѓушев упати честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки во минатото и за големите успеси во градење на републиката од страна на генерациите кои ја направија земјата дел од Европската Унија и една од најпросперитетните економии во Европа.

