Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека продолжувањето на економската соработка меѓу Германија и Русија е можно доколку Кремљ стави крај на војната во Украина.
Во претходните изјави Шолц рече дека Западот нема да ги укине санкциите воведени кон Русија поради конфликтот во Украина додека Москва не ги повлече своите војници од Украина и не постигне мировен договор со Киев, пренесува Ројтерс.

