29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го стартуваше производството на новото купе „М2“ (ВИДЕО)

„BMW“ го стартуваше производството на новото купе „М2“ (ВИДЕО)

„BMW“ пред неполни два месеци го претстави новото купе „М2“, а веќе влегува во производство.

Германскиот производител објави дека овој моќен модел со 2 врати започнува да се составува во фабриката во Сан Луис Потоси, Мексико.

Ова е четврта фабрика на „BMW“ која произведува автомобили „М“, приклучувајќи им се на Минхен, Динголфинг и Спартанбург (САД).

Мексико исто така е дом на 77 добавувачи кои снабдуваат делови за новиот „М2“. Дваесет и шест од нив развија нови компоненти за автомобилот, вклучувајќи го издувниот систем, браниците, страничните прегради, оските и фаровите.

„М2“ е целосно нова генерација на најмалото спортско купе.

Опремен е со 3,0-литарски 6-цилиндричен мотор со два турбополначи. Моторот произведува 460 коњски сили и 550 њутн метри вртежен момент.

Осумстепен „ZF“ автоматик е стандарден во Европа, додека рачен менувач е достапен како опција, додека ситуацијата е обратна во САД. Погонот, се разбира, е исклучиво на задните тркала.

Адаптивната суспензија „М“ и активен „М“ диференцијал се стандардни, а автомобилот се наоѓа на лесни алуминиумски тркала со дијаметар од 19 (предни) и 20 (задни).

Новиот „BMW M2“ ќе пристигне во салоните во април 2023-та година, а почетната цена во Германија почнува од 72.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП