18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОВА СЕ СЛУЧУВА ПРВ ПАТ: Откажана големата годишна прес-конференција на Путин

ОВА СЕ СЛУЧУВА ПРВ ПАТ: Откажана големата годишна прес-конференција на Путин

На таа годишна прес-конференција, на која Путин нема да се појави за прв пат, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, соопшти Кремљ, во услови на бројни руски воени неуспеси во Украина и санкции наметнати од Западот кон Москва.

„Нема да има претседателска прес-конференција до почетокот на новата година“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на телефонскиот брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство. Од 2001 година, Владимир Путин редовно организира големи соочувања со новинарите, со исклучок на периодот од 2008 до 2012 година, кога ја извршуваше функцијата премиер.

На таа годишна прес-конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатски до секојдневни руски теми.

Одлуката да не се одржува традиционална прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе повеќекратни воени неуспеси во последните месеци и нареди делумна мобилизација во септември. Погодена од серија западни санкции од почетокот на офанзивата, Русија сега се соочува со ембарго на нејзините испораки на нафта во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП