Грција го замрзна имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, поради истрага што беше покрената поради сомневања за корупција и перење пари во ЕП.
Белгиското обвинителство покрена обвинение против четворица осомничени дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив, а како што пренесува Ројтерс, меѓу обвинетите е и потпретседателката на ЕП Ева Каили.

