19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралот на криптовалутите се крие во Србија?! Интерпол распиша црвена потерница, никој...

Кралот на криптовалутите се крие во Србија?! Интерпол распиша црвена потерница, никој не може да му влезе во трага со месеци!

Квон беше обвинет за измама и прекршување на пазарот на капитал по колапсот на неговите крипто монети terraUSD и luna.

Јужнокорејските обвинители веруваат дека До Квон, неуспешниот претприемач зад дебаклот на токенот од 40 милијарди долари, се крие во Србија додека тие продолжуваат со нивниот повеќемесечен лов на кралот на криптовалутите, пишува Фајненшл тајмс.

Тие сега бараат соработка од српските власти за да го лоцираат и приведат, соопшти јужното окружно обвинителство во Сеул, кое го истражува колапсот на операторот за криптовалути Terraform Labs на Квон. Квон беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал на неговата земја по колапсот на неговите крипто монети terraUSD и Luna во мај.

Обвинителите во октомври рекоа дека тој отишол во непозната земја преку Дубаи откако го напуштил Сингапур, каде што е седиштето на Тераформ. Јужна Кореја му го одзеде пасошот на Квон во ноември. Интерпол издаде црвена потерница против Квон на барање на Сеул. Јужна Кореја нема договор за екстрадиција со Србија, но двете земји пристапија кон Европската конвенција за екстрадиција.

Инвеститорите поднесоа заеднички тужби против Квон во Сингапур и САД. Квон негираше дека сторил нешто лошо иако им се извини на жртвите од колапсот на неговиот блокчејн систем. Тој тврдеше дека јужнокорејските обвинувања против него не се „легитимни“ и дека се „политички мотивирани“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП