Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2022 за долгови доспеани до 31.08.2022 и неплатени до 30.11.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.12/2022 објавени се 1.660 должници – правни лица (повеќе за 8 од претходната листа) и 3.264 физички лица (повеќе за 55 од претходната листа).

