24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛансирана ракета со вселенско летало од јапонската компанија "Испејс" за слетување на...

Лансирана ракета со вселенско летало од јапонската компанија “Испејс” за слетување на Месечината

Ракетата која го носи леталото за слетување на месечината “Хакуто-Р” на јапонската компанија „Испејс“ денеска беше лансирана од вселенската станица Кејп Канаверал во американската држава Флорида.

Ракетата Фалкон-9, изградена од американската ракетна компанија Спејс Икс, претходно денеска го подигна леталото во орбитата на Земјата.

Ако се оди според планот, тоа ќе биде првото приватно летало што ќе слета на Месечината.

Хакуто-Р треба да слета на површината на Месечината на крајот на април. Доколку успее, тоа ќе биде првото приватно вселенско летало кое ќе слета на Месечината.

Но, конкурентските компании во моментов планираат да лансираат мисии на Месечината кои ќе имаат подиректен пат и затоа би можеле да го претркаат “Испејс”.

Јапонскиот “Испејс” вели дека има за цел да ја прошири „животната сфера“ на човештвото и „да создаде одржлив свет“. Компанијата има намера да ги истражува ресурсите на Месечината со цел да го забрза развојот на вселената, а на својата веб-страница напиша дека особено водата на Месечината може да се подели на водород и кислород за да се произведе гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП