19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗавршницата на СП ќе се игра со нова топка

Завршницата на СП ќе се игра со нова топка

Последните четири натпревари на Мундијалот ќе се играат со нова топка. Топката
Ал Хилм е украсена со бордо нијанси кои потсетуваат на знамето на земјата домаќин на Мундијалот Катар, соопшти Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

„Ал Хилм ќе биде официјална меч топка за полуфиналето, третото место и финалето“, велат од ФИФА. Ал Хилм (сонот) ќе ја замени сегашната топка Ал Рил, што на арапски значи патувањ“.

Во вторник од 20:00 часот се игра првото полуфинале на Светското првенство, а Аргентина ќе се сретне со Хрватска.

Второто полуфинале е закажано за среда од 20 часот, а ќе играат Франција и Мароко.

Дуелот за третото место се игра во сабота на 17. декември, а финалето е закажано ден подоцна.

Двата натпревари се играат од 16 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП