18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев вели дека Москва го забрзува производството на најмоќното оружје

Медведев вели дека Москва го забрзува производството на најмоќното оружје

Поранешниот руски претседател и сегашен број два на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека Москва ги произведува „најмоќните средства за уништување“ засновани на „нови принципи“, заканувајќи се дека ќе ги користи против Западот.

„Нашиот непријател не се крие само во владата на Киев, тој е и во Европа, во Северна Америка, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и други места кои покажаа верност кон нацистите од нашето време. Затоа го интензивираме производството на најмоќните средства за уништување, вклучително и оние засновани на нови принципи“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој не прецизираше кои се новите принципи, но се чини дека мислеше на новите генерации на хиперсонично оружје што Москва се обидува да ги произведе во последните години, пишува Франс прес.

Коментарот на Медведев беше упатен до украинскиот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, кој вчера изјави дека непријателот на Киев е на територијата од анектираните републики Донбас до Владивосток, пренесува ТАСС.

Поради руските загуби во Украина, во последниве месеци се зголемуваат стравувањата дека Москва би можела да прибегне кон својот нуклеарен арсенал за да ја сврти ситуацијата, наведува Франс прес.

Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин го намали ризикот од таков потег, велејќи дека оружјето што го поседува Русија е средство за одбрана и е наменето да се користи како одмазда за таков удар.

Во петокот тој ја спомена и можноста Русија да ја промени својата воена доктрина, воведувајќи можен превентивен напад за разоружување на непријателот.

Американскиот Стејт департмент ги осуди последните изјави, велејќи дека „секој разговор за нуклеарно оружје, дури и во општа смисла, е целосно неодговорен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП