26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој жител на Аљаска ќе добие чек од 900 долари

Секој жител на Аљаска ќе добие чек од 900 долари

M

Поголем дел од жителите на Аљаска годинава ќе добијат чек од 900 долари, како сопствен дел од нафтеното богатство на оваа американска држава. Сепак, рецесијата влијаеше и на овој износ.

Граѓаните на Аљаска секоја година добиваат „бесплатни пари“ на основа на петгодишниот промет со нафта на Аљаска на светскиот пазар, а иако со мраз окованиот дел на САД помалку ја почувствува кризата, овогодишниот чек не е ни блиску до рекордниот од 2008 година, кога секој жител во поштенското сандаче добил дури 2.069 долари.

Годишната уплата од Постојаниот фонд за дивиденда секогаш со нетрпение се очекува во главниот град Енкориџ, а Анџела Родел која е задолжена за распределба на чековите оваа година изјави дека чековите ќе бидат испратени на 640.000 адреси на 3.октомври, со што подеднакво ќе биде распределена вкупната сума од 576 милиони долари.

Најниската вредност на чековите, кои се исплатуваат уште од 1982 година, е исплатена е во 1984 година, кога на жителите на Аљаска им биле исплатени само 331 долари. За оваа година се пријавиле 670.000 луѓе, но 30.000 не ги исполнувале условите.

Интересно е тоа што најстариот добитник на чекот од 900 долари има 108 години, а најмладиот е роден една минута пред полноќ на 31 декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП