Поради масовниот напад на руските беспилотни летала врз електроенергетскиот систем, милион и пол жители на Одеса останале во мрак, тврди Володомир Зеленски. Москва: Руските сили напредуваат кон Лиман. Руската воена администрација соопшти дека во деловите на Херсон кои се под нивна контрола започнала размената на украинската гривнa за рубљата. Анкара им нуди помош на двете страни да го прекинат конфликтот.
Руската армија ја гранатираше целата линија на фронтот во Доњецк. Најжестоки борби се водат околу Бахмут и Авдеевка, а руските трупи, според Москва, напредуваат кон Лиман.

