4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Пекинг не му е грижа за одлуките на Западот: Кина ги...

На Пекинг не му е грижа за одлуките на Западот: Кина ги игнорира ограничувањата на цената на руската нафта

РУСКИ тип на нафта ESPO од Далечниот Исток се продава во Азија над цената ограничена од Западот – 60 долари за барел, објави „Блумберг“ и истакна дека Москва можеби користи свои танкери и обезбедува осигурување за самата пратка за да не да се заобиколат мерките кои беа донесени од земјите на ЕУ, Г7 и Австралија во декември.

Според информациите на „Аргус медиа“, како и бројните независни кинески рафинерии кои веќе резервирале испораки на нафта за јануари 2023 година, цената на ESPO типот на овој енергетски производ во тој месец ќе изнесува 67,11 долари.

Најголемиот руски купувач на нафта, Кина, не го потпиша ценовното ограничување, а податоците на пазарот покажуваат дека се работи како и обично.

Независните рафинерии се доминантни купувачи на сурова нафта ESPO и „навистина не се грижат за плафонот на цените. Тие ги анализираат податоците за да утврдат дали проектираните цени се профитабилни или не“, изјави за Ројтерс претходно оваа недела, извршен директор на рафинеријата.

Најмалку еден контингент нафта ESPO беше продаден во декември по цена од 68 долари за барел.

Во октомври медиумите објавија дека рускиот нафтен гигант Роснефт работи на тоа клиентите во несанкционираните региони да добијат залихи на нафта што е можно поскоро и дека клиентите бараат од Роснефт да обезбеди испорака до крајната дестинација и да ги покрие трошоците за осигурување и транспорт.

На 5 декември, Европската унија, земјите од Г7 и Австралија воведоа ограничување на цената на извозот на руска нафта по морски пат. Така, на западните компании им е забрането да обезбедуваат осигурување и други услуги за пратки на руска нафта, освен ако товарот е купен по или под таа цена.

Русија постојано повторува дека нема да продава нафта на земји кои поддржуваат ограничувања на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП