19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагацините за гас во Германија се празнат побрзо од планираното

Магацините за гас во Германија се празнат побрзо од планираното

Германските магацини за гас деновиве се празни, што е сосема нормално во зима. Нивото на залихи во четвртокот наутро беше 95,5 отсто, 0,42 процентни поени помалку од претходниот ден, покажуваат првите податоци на Европската асоцијација за складирање гас – „GIE“.

Складиштата за гас последен пат беа надополнети на 27-ми ноември. Оттогаш, обемот се намалува. Најголемиот германски магацин во Реден беше речиси 92 отсто исполнет, покажаа податоците во петокот.

Магацините ги компензираат флуктуациите во потрошувачката на гас и на тој начин го стабилизираат пазарот. Тие обично се прилично полни на почетокот на грејната сезона, наесен, а потоа постепено се празни до пролет.

Според Законот за енергетика, до 1-ви февруари магацините треба да бидат полни 40 отсто.

Русија го прекина снабдувањето ова лето, но гасот продолжува да пристигнува во Германија, главно од Норвешка, Холандија и Белгија.

Потрошувачката на гас во Германија минатата недела била 13 отсто под четиригодишниот просек, покажуваат податоците на Федералната мрежна агенција. Но, во однос на целта, заштеда од 20 проценти, очигледно е дека е прилично неуспешна, изјави првиот човек на агенцијата Клаус Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП