15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА1.000 инспектори ќе ги контролираат банките во еврозоната

1.000 инспектори ќе ги контролираат банките во еврозоната

evrio1

Околу илјада банкарски инспектори ќе бидат вработени во Франкфурт, тие ќе бидат задолжени за надзор на 6.000 банки во еврозоната, што претставува клучна етапа за новата Банкарска унија.

Механизмот за единствена супервизија на 6.000 банки во еврозоната за кој се преговара веќе три години речиси ќе стане реалност, пренесува францускиот весник Фигаро.

Европскиот парламент на 12. септември го изгласа текстот за работа на механизмот, негови потписници се министрите за финансии и Европскиот совет на шефови на држави и влади на ЕУ.

Следната недела во Службениот весник на ЕУ како и на сајтот на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе биде објавен оглас за кандидатура на претседатели и потпретседатели на овие нови институции.

Претседателот на ЕЦБ прв ја поздрави одлуката на Парламентот – „Овој ден претставува значајна етапа за формирање на банкарската унија“

ЕЦБ веќе со месеци регрутира илјада експерти, од кои 700 контролори, кои ќе почнат со работа во 2014 година.

Европската централна банка има намера да изнајми околу 200 деловни простории за канцеларии од 1. ноември, бидејки сите банкарски контролори нема да можат да бидат сместени во двете кули кои треба да бидат отворени следната година.

Европскиот совет ќе одлучи кој ќе биде на чело на овој важен надзорен орган, кој е еден од трите столбови на Банкарската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП