26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ СЕ ВРАТИТЕ НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА: Францускиот министер за...

ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ СЕ ВРАТИТЕ НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА: Францускиот министер за економија – „Тоа е услов да се спаси индустријата“

Бруно Ле Мер, францускиот министер за економија, предвиде враќање на нуклеарната енергија за сите големи индустриски земји, вклучително и Германија.

„Нема голема индустријализирана нација без нуклеарна енергија“, рече Ле Мер во петокот за време на посетата на нуклеарната централа Пенли во близина на Диепе на северниот брег на Франција.

-Сите големи индустриски развиени земји во светот и во Европа, вклучително и оние кои направија поинаков избор, еден ден, порано или подоцна, ќе се вратат на нуклеарната енергија. Затоа што ако земјите беа соочени со избор дали да ја напуштат својата индустрија или да ја оживеат нуклеарната енергија, тие би се вратиле на нуклеарната енергија – рече Ле Мер.

Прашање е на години, тоа нема да се случи веднаш, но убеден сум дека една голема индустријализирана нација, без разлика која, ќе се врати на нуклеарната енергија бидејќи тоа е услов да ја одржи својата индустрија.

Францускиот министер за економија претходно се бранеше од критиките, особено од Германија, за посветеноста на Франција кон нуклеарната енергија.

-Не треба да се срамиме што сме голема нуклеарна нација – им нагласи Ле Мер на работниците во фабриката. Еколошките причини, исто така, ја поддржуваат нуклеарната енергија, рече тој.

Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон најави „ренесанса на француската нуклеарна енергија“. Планираат да изградат шест нови нуклеарни централи, а се размислува за изградба на уште осум централи до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП