30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВАШИНГТОН ВО ПАНИКА! Се создава голем воен сојуз, а Америка не ја...

ВАШИНГТОН ВО ПАНИКА! Се создава голем воен сојуз, а Америка не ја сакаат!

Вашингтон ја обвини Москва дека како дел од продлабочувањето на соработката со Иран, има намера да обезбеди целосна, нефронтна воена помош за Техеран, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, хеликоптери и борбени авиони, додека воената индустрија на Иран ја снабдува руската војска со беспилотни летала.

Повикувајќи се на проценките на американските разузнавачки служби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, во петокот рече дека Русија му нуди на Иран „невидено ниво на воена и техничка поддршка што ги трансформира односите меѓу овие две земји во полноправно одбранбено партнерство“, објави АП.

Кирби рече дека Москва, поради конфликтот со Украина, размислува со Иран за отворање на фабрика за дронови во Русија, додека во исто време руски воени инструктори ги обучуваат иранските пилоти да летаат со ловци СУ-35 кои би можеле да бидат доставени до Иран во рок од една година.

„Овие борбени авиони значително ќе ги зајакнат воздушните сили на Иран во споредба со соседните земји во регионот“, рече Кирби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП