3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУапсена потпретседателката на Европскиот парламент

Уапсена потпретседателката на Европскиот парламент

Белгиската полиција ја уапсила потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили (44), ги наведува АФП, зборовите на извор близок до случајот, пренесува Дејли Мејл.

Според информациите, грчкиот социјалист и пратеничка во Европскиот парламент била уапсена во петокот вечерта во Брисел.

Апсењето во врска со истрагата за корупција во која е вмешан домаќинот на Светското првенство Катар следи по наводното приведување на четворица други осомничени претходно во петокот, рече изворот.

Белгискиот весник Le Soir објави дека властите упаднале во станот на европратеничката и го уапсиле нејзиниот партнер во врска со скандалот.

Федералниот обвинител на Белгија ги објави апсењата откако беа откриени 600.000 евра во готовина кога полицијата изврши рација на 16 адреси во Брисел, пишува Дејли Мејл.

Обвинителите не го прецизираа идентитетот на осомничените или името на државата за која станува збор, освен дека се работи за „заливска држава“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП