25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата го утврди буџетот за 2014 година

Владата го утврди буџетот за 2014 година

p

Владата синоќа го утврди буџетот за наредната година, кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Како што претходно најави премиерот Никола Груевски, за 2014 година е предвиден раст на БДП од 3,2 проценти, а на инфлацијата до 3,3 отсто. Дефицитот е проектиран на 3,5 проценти.

Во буџетот се предвидени зголемувања на платите, пензиите и социјалните трансфери, како и на капиталните инвестиции и субвенциите за земјоделците.

Пензиите, платите и социјалните надоместоци ќе е зголемат за пет отсто.

Капиталните инвестициите ќе одат за градби, патишта, улици, водоводи, канализациски системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП