20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Munro“ – моќен електричен „SUV“ од Шкотска (ФОТО)

„Munro“ – моќен електричен „SUV“ од Шкотска (ФОТО)

„Munro“ е многу млада компанија основана во 2019-та година и тие веќе имаат модел кој вреди да се забележи.

Зад класичната форма, за која некои ќе кажат дека е недовршена копија на единствениот „Defender“, се крие способен теренец. Впрочем, за овој модел беше заинтересирана и американската армија, како и некои компании од САД и Канада.

Тајната на успехот е во тоа што нема филозофирање или непотребни компликации. Овде „Munro“ е јасен, што значи дека сака да понуди наједноставно можно решение кое во пракса ќе ги задоволи сите параметри.

Возењето надвор од патот е особено важно овде, па не е изненадување што „AWD“ е задолжително.

Значи, овој модел со многу едноставно, но логично име „MK_1“ има еден електричен мотор. Еден, но достоен, способен да испорача 299 или 381 ks (во зависност од верзијата) и 700 Nm вртежен момент.

Моторот се наоѓа во средината, со што се постигнува идеална распределба на масата.

Перформансите не се толку многу во фокусот, но од компанијата истакнуваат дека ова возило во изданието „Performance“ може да достигне 100 km/h за 4,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 129 km/h.

Се нудат две батерии, помал капацитет од 61 kWh и поголем капацитет од 82 kWh. Поддржуваат брзо полнење со директна струја (100 kW), кога се полнат за околу половина час.

Опсегот на возење помеѓу две полнења е до 306 km.

Возилото е поставено на класична потпорна конструкција од галванизирана челична решетка и е подигнато 480 mm од подлогата. Фабриката гарантира преминување на водени пречки со висина до 800 mm и можност за надминување на агол на пристап од 84 степени и агол на спуштање од 51 степен.

Неименувана компанија е одговорна за механиката на погонот 4×4, која е експерт во оваа област, велат од „Munro“.

Покрај теренските способности, ова возило има и висока доза на практичност. Во товарниот простор се сместува европалета, а автомобилот може да превезе до 1.000 kg товар и да влече до 3.500 kg.

Првите 50 рачно изработени примероци ќе бидат од т.н серија „Founders Edition“, а најавена е почетна цена од 49.995 фунти.

Цената може дополнително да се корегира надолу со изградба на нова фабрика и зголемување на производството на 250 единици годишно, но за тоа ќе треба да се почека до 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП