15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCTS подготвен за продажба

CTS подготвен за продажба

cts

Моделот „Cadillac CTS“ кој наскоро би требало да се појави во продажба е секако еден од најинтересните модели на „Cadillac“ кој во последно време се појавил на пазарот.

Овој автомобил е опремен со „Twin-Turbo V6“ мотор и осумстепена автоматска трансмисија што е добитна комбинација за високи перформанси и одлично возење. Станува збор за првиот „twin-turbo“ мотор кој се појавува во некој модел на „Cadillac“, а во истовреме и првото возило со осумстепена автоматска трансмисија.

cts1

Меѓу другите карактеристики на овој модел се 18-инчните алуминиумски тркала, „Brembo“ диск-сопирачките со алуминиумски клешти и плочките со високи перформанси.

Возилото поседува и електронски диференцијал со ограничено пролизгување кој го подобрува однесувањето на автомобилиот на патот и обезбедува оптимално забрзување во кривините. Моторот на ова возило развива 420ks и 583Nm вртежен момент што го прави најмоќниот шестцилиндарски мотор.

cts2

Моделот „CTS“ исто така е достапен и со атмосферски 3.6L V6 мотор кој развива 321ks и кој е поврзан со новата осумстепена трансмисија, а погонот се пренесува на задните тркала. Во понудата се наоѓа и 2.0L мотор со моќ од 272ks.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП