24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавена инфлацијата во еврозоната

Забавена инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во еврозоната е забавена, покажуваат најновите податоци, што може да влијае на Европската централна банка (ЕЦБ) да го намали обемот на зголемување на каматните стапки на 50 базични поени од следниот состанок.

Имено, инфлацијата во еврозоната е 10 отсто во ноември, што е под 10,6 отсто колку што беше во октомври. Стапката на инфлација во Германија, по 11,6 отсто во октомври, во ноември е намалена на 11,3 отсто на годишно ниво.

Неделава јавноста најмногу ја интересираше обраќањето на претседателот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел и објавувањето на податоците од американскиот пазар на труд за ноември. Во својот говор во Институтот Брукингс во Вашингтон, Пауел рече дека ФЕД ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки, но ќе продолжи да ја заострува монетарната политика и дека стапките ќе се задржат на рестриктивно ниво некое време за да се стави инфлацијата на САД под контрола. По неговите изјави, забележан е пад на приносите на американските државни обврзници, доларот значително ослабна во однос на еврото (за околу еден процент), додека од друга страна, се зголемија вредностите на најважните берзански индекси во САД.

Откако минатата недела доларот ослабе по објавувањето на записникот од претходната седница на ФЕД (што покажа дека повеќето функционери се за забавување на темпото на затегнување на монетарната политика), тој најмногу зајакна во однос на еврото во првата половина од оваа недела. За тоа придонесоа изјавите на неколку функционери на ФЕД на почетокот на неделата во насока на дополнително зголемување и повисоко максимално ниво на каматните стапки. Претседателот на ФЕД Булард рече дека ФЕД ќе ја зголеми референтната каматна стапка на ниво над пет проценти и ќе ја задржи на тоа ниво во следните две години. Џон Вилијамс, претседателот на ФЕД со седиште во Њујорк, сега очекува каматните стапки да бидат малку над нивото што го очекуваше во септември. Претседателот на Ричмонд ФЕД, Баркин (кој сè уште се залага за забавување на покачувањата) рече дека каматните стапки ќе треба подолго да се одржуваат повисоки за да се спречи инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП