4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел, пишуваат бугарските медиуми.

Според информациите, на Хрватска и’ е одобрено да се приклучи.

Чешкото претседателство и Европската комисија го изразија своето задоволство и и’ честитаа на Хрватска за големиот успех по изгласувањето на одлуката за влез во Шенген зоната, но и нивното разочарување од немањето консензус за Бугарија и Романија.

Според дипломатски извори, Германија и Луксембург се обиделе да извршат притисок врз Австрија и Холандија велејќи дека сите три земји треба да бидат ослободени или ниту една, но на крајот се откажале, пишува „Индекс“.

Австрија беше против двете земји, а Холандија ја поддржуваше Романија, но не и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП