Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација со преовизниците била однесена одлука, утре во 10 часот протестот да биде префрлен на булеварот „Илинденска“ каде ќе бидат блокирани сите ленти на потегот од зад Владата до Алумина.
Од „Слобода превоз“ објаснуваат дека одлуката е донесена затоа што управата на Град Скопје е единствениот виновник за ситуацијата и затоа што сакаат да ги поштедат граѓаните од сообраќајниот хаос.

