22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија гранатирана

Русија гранатирана

Украинските сили го гранатираа градот Белгород на западот на Русија, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

Во градот, кој се наоѓа на околу 35 километри од границата со Украина, од шрапнели гранати оштетени се далноводи, објави Гладков.

Прелиминарните информации велат дека нема цивилни жртви, додаде тој.

Не е прв пат, според Гладков, украинските сили да го нападнат Белгород. На 15 ноември тој објави дека две лица загинале во украинско гранатирање.

Наводното гранатирање на Белгород дојде откако Русија го обвини Киев дека користи беспилотни летала за да ги нападне воените воздушни бази длабоко во руската територија во понеделникот и вторникот, откривајќи значителни недостатоци во руската противвоздушна одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар