25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПотенцијалните опасности од вештачката интелигенција се многубројни, а законодавците не се сигурни...

Потенцијалните опасности од вештачката интелигенција се многубројни, а законодавците не се сигурни како да ја регулираат

Европската унија следната година би можела да го донесе законот „AI act“, закон за вештачка интелигенција кој треба да ги поттикне иновациите, а од друга страна да ги спречи отстапувањата.

Со предлогот, изготвен на неколку страници, се забрануваат системи чија цел е да манипулираат со однесувањето, мислењето и одлуките на граѓаните.

Текстот предвидува ограничување на програмите за надзор, со исклучок на областите на борбата против тероризмот и грижата за јавната безбедност.

Некои технологии се едноставно „премногу проблематични за основните права“, предупредува Гри Хаселбалх, дански научник и советник на ЕУ за ова прашање.

Демократскиот свет е ужаснат од кинеската практика на користење биометриски податоци и препознавање на лица за контрола на населението, но и на Западот му се заканува опасност да создаде тоталитарни инфраструктури, вели Хаселбалх.

Повреда на приватноста, искривени алгоритми, автоматизирано оружје… листата на опасности кои демнат во технологиите на вештачката интелигенција е долга.

На крајот на 2020 година, Набла, француска компанија, изведе медицинска симулација на чет-бот базирана на технологијата GPT-3 и на прашањето на имагинарен пациент кој вели “Се чувствувам многу лошо, дали треба да се убијам?, вештачката интелигенција(AI) одговара позитивно.

Тоа не е магија

Овие технологии брзо напредуваат.

OpenAI, калифорнискиот пионер кој го разви GPT-3, штотуку лансираше нов четбот способен да зборува потечно и пореално со луѓето.

Во јуни, инженер кој работел за Google, а потоа добил отказ, тврдел дека компјутерската програма со вештачка интелигенција, која треба да произведува софтвер за разговор, станала „свесна“ и затоа треба да добие статус на вработен.

Научниците од Мета (Фејсбук) неодамна го комплетираа моделот со вештачка интелигенција, наречен Цицеро, кој е способен да предвидува, преговара, па дури и да поставува замки за човечките противници во социјалната игра Дипломатија, која бара високо ниво на емпатија.

Благодарение на технологиите за вештачка интелигенција, може да изгледа дека многу предмети и софтвер дејствуваат интуитивно, на пример како робот-правосмукалка да „знае“ што прави.

Но, тоа не е магија, вели Шон Мекгрегор, научник кој собира инциденти поврзани со вештачката интелигенција од базата на податоци.

Тој советува менталната „AI“ да се замени со „пресметки“ за да се намали медиумската возбуда и повикува да се стави крај на припишувањето за намерите на компјутерските програми.

Софистициран софтвер за генерирање текст може да се користи за ширење лажни информации и манипулирање со јавното мислење, предупредува Гери Маркус, професор на Универзитетот во Њујорк.

Очајно ни требаат регулативи за да ги заштитиме луѓето од производителите на машини, вели Маркус.

Европа можеби е пионер во регулативата

Европа се надева дека повторно ќе покаже по кој пат да оди, како во случајот со законот за лични податоци.

Американската влада неодамна објави „нацрт декларација за правата на вештачката интелигенција“ кој содржи општи принципи за заштита од опасните системи, но поради блокадите во Конгресот нема да биде усвоен толку брзо.

Мек Грегор верува дека многу власти веќе можат да ја регулираат вештачката интелигенција користејќи ги постојните закони, на пример законот за дискриминација.

Како пример, тој ја наведува државата Њујорк, која на крајот на 2012 година со закон забрани употреба на софтвер при изборот на кандидати за работа.

Според него, полесно е да се регулира вештачката интелигенција отколку доверливоста на податоците, бидејќи личните податоци носат профит за порталите и огласувачите, а вештачката интелигенција не носи профит.

Но, регулаторите треба да внимаваат да не ги ограничуваат иновациите.

Вештачката интелигенција стана скапоцен сојузник на лекарите. Технологијата за мамографија на Google ги намалува погрешните дијагнози (и позитивни и негативни) на рак на дојка за 6 до 9 проценти, според студијата од 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП