недела, 5 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја намалија прогнозата за цената на нафтата за 2023 година

САД ја намалија прогнозата за цената на нафтата за 2023 година

Американската енергетска информативна агенција (EIA) ја ревидираше својата прогноза за цената на суровата нафта од типот Брент за следната година, наведувајќи го очекуваното зголемување на глобалните залихи на крајот на 2023 година.

Во декемврискиот краткорочен преглед на ценовните трендови на енергетските пазари, EIA ја намали својата проценка за цената на нафтата Брент за 2022 година на просечни 101,48 долари за барел и онаа на американската нафта WTI на 95,22 долари.

Во извештајот од минатиот месец, овие бројки беа 102,13 долари за Брент и 95,88 долари за WTI.

За следната година, EIA предвидува дека цената на нафтата од типот Брент ќе биде во просек 92,36 долари за барел, што е за три долари пониска од претходната прогноза, а за WTI очекува просечна цена од 86,36 долари за барел, пренесува Анадолија.

EIA вели дека глобалните залихи на нафта се очекува да паднат за 0,2 милиони барели дневно во првата половина на 2023 година, пред да пораснат за 0,7 милиони барели дневно во втората половина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП