Денеска Европската комисија предложи деветти пакет санкции против Русија во кој ќе бидат опфатени уште 200 лица, компании, три банки, четири телевизиски станици, неколку компании од воено-индустрискиот комплекс, руската енергетска и рударска индустрија (целосна забрана за инвестиции во рударството) и ограничувања за набавка на беспилотни летала, пренесува британски „Ројтерс“. Ова го потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Новиот, деветти пакет санкции ќе треба да го одобри Советот на Европската унија на состанокот што ќе се одржи следната недела. На „црната листа“ треба да се најдат високи офицери на руската армија, пратеници, гувернери, министри, политички партии и компании. Имињата на компаниите ќе бидат познати кога Советот на Европската унија ќе донесе нов пакет санкции.

