24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски за личност на 2022 година според Time

Зеленски за личност на 2022 година според Time

Американскиот магазин „Тајм“ ги прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски и „духот на Украина“ за личност на 2022 година.

Уредниците на магазинот велат дека тоа било најлесната одлука за личност на годината по долго време.

„Без разлика дали борбата за Украина ве исполнува со надеж или страв, Володимир Зеленски го раздвижи светот на начин каков што не сме го виделе со децении. Во неделите откако руските бомби почнаа да паѓаат на 24 февруари, неговата одлука да не бега од Киев, но да остане и да собере поддршка беше одлучувачко“, се вели во соопштението на уредникот.

„Од неговата прва објава на Инстаграм на 25 февруари, која докажа дека неговата влада, како и граѓанското општество, се недопрени и на своето место, до секојдневните говори што ги држеше преку видеоврска во парламентите, Светската банка и на наградите Греми, украинскиот претседател беше насекаде. Неговата информативна офанзива го смени геополитичкиот систем и поттикна бран акции што го зафатија целиот свет“, соопшти уредничкиот одбор на „Тајм“.

„Во свет дефиниран со поделби, имаше собир околу една цел, околу земја што некои аутсајдери не можеа да ја најдат на мапата. Во ОН, 141 земја ја осудија инвазијата. Само диктатурите застанаа покрај Москва – Северна Кореја, Сирија , Еритреја и Белорусија. Големите компании масовно се повлекоа од Русија, бришејќи ги милијардите приходи“, објави Тајм.

„Финансиска, материјална, хуманитарна и воена помош се упати кон Украина. Странците примија бегалци, рестораните ги хранеа гладните, лекарите пристигнаа да им помогнат на ранетите. Украинското знаме се прошири на социјалните мрежи и ги осветли спомениците од Токио до Охајо“, пишува „Тајм“.

„Духот на Украина беше отелотворен од безброј поединци во земјата, како и надвор од неа“, рече „Тајм“, објаснувајќи ја почитта не само на Зеленски, туку и на сите оние кои го отелотворија духот на солидарноста со Украина, и Украинци и странци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП