6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Берн – Истражувањето кое опфати голем број валути ширум светот, откри дека швајцарските франци се носители на најмногу бактерии. Како што пренесе швајцарскиот весник „20 минути“, тројцата истражувачи Хабип Гедик, Тимоти Вос и Андреас Вос ја испитувале нечистотијата на парите во еврозоната, во Канада, Хрватска, САД, Индија, Мароко и Романија. Резултатите од оваа студија покажаа дека швајцарските пари се просечно нечисти, колку и еврата и романските леи, но повеќе од индиските рупии. Истражувачите истакнуваат дека овој резултат не зборува за тоа дека Швајцарците се полежерни кога е во прашање хигиената, туку дека пресудно значење игра видот на хартијата од која парите се направени, како и можноста за впивање на бактерии.

Белград – Поранешните работници на „Застава“ најавија протести, ако Владата на Србија не помогне во нивно вработување, на што се обврза пред три години. Владата таа обврска ја презема при потпишувањето на протоколот со репрезентативните синдикати.

Енкориџ – Многу жители на Аљаска оваа година ќе добијат чек на 900 долари, како свој дел од нафтеното богатство на оваа американска држава. Сепак, рецесијата влијаеше и на тој износ. Граѓаните секоја година добиваат бесплатни пари врз основ на петгодишниот промет на нафта од Аљаска на светскиот пазар, а иако тој дел на САД кој е под мраз помалку ја почувствува кризата, овогодишниот чек не е ни близу рекордниот од 2008 година кога на секој во поштенското сандаче стигнаа дури 2.069 долари.

Берлин – Повеќе стотици вработени во малопродажната онлајн компанија „Амазон“ стапија денеска во тридневен штрајк поради спор околу платите, соопштија синдикатите. Од 300 до 400 работници од првата смена ја прекинаа работата во два логистички центри во градот Бад Херсфелд во западна Германија, изјави Мектилд Мидеке, претставник на германскиот синдикат Верди. Овој синдикат со месеци се обидува да постигне договор со Амазон за изедначување на платата на 9.000 работници во Германија со платите на вработените во дистрибутивниот сектор.

Вашингтон – Разликата меѓу платите на мажите и жените во САД е заглавена од 2012 година и понатаму нема збор за рамноправност – на секој машки долар, жените заработуваат 76,5 центи. Како што објави „Волстрит џурнал“, вработените мажи во САД имаат просечна годишна плата од 43.000 долари, додека кај жените таа е помала – 37.800 долари.

Берлин – Германскиот автомобилски превозник „Луфтханза“ порача нови 34 авиони од Боинг и 25 од Ербас за да ја обнови својата флота за долги дестинации. Покрај тоа компанијата сака летовите да ги направи енергетски поефикасни и поефтини. Вкупната вредност на порачките по каталошки цени изнесува 14 милијарди евра. Испораката на моделот 777-9Х од американската компанија Боинг и А350-900 од европската Ербас, ќе почне во 2016 година. Новите авиони треба да ги заменат моделите 747-400 на Боинг и А340-300 на Ербас.

Виена – Светот е полн со лудории, а една од нив е еврото, рече поранешниот член на управниот одбор на Централната банка на Германија Тило Саразин во Виена. Пред околу 650 учесници на собирот во виенската палата Хофбург, тој го повтори својот став дека на Европа не и треба еврото и се изјасни за политичка унија или лабав монетарен сојуз на ЕУ. – Беше грешка што се воведе заедничка валута, пред да се воспостави сојузна европска држава – оцени Саразин. Според него, статистиката јасно докажува дека еврото не поттикна благосостојба и стопански раст, но во кризните земји придонесе за значително влошување на состојбата.

Њујорк – Американскиот банкарски гигант Џеј Пи Морган Чејс се согласи да плати 920 милиони долари на британските и американските власти. Овој гигант ќе ја плати казната на име порамнување поради аферата позната под името Лондонски кит. Глобалното порамнување вклучува и признавање од банката дека ги прекршила законите на САД. Минатата година банката изгуби 6,2 милијарди долари во тргување кое го вршел службеникот Бруно Искил, кој го заработи прекарот Лондонски кит, бидејќи неговите трансакции биле толку големи што предизвикале разбранување на пазарот. Скандалот укажа на слаба интернет контрола во банката и лажирање на финансиските резултати.

Онтарио – Ниту новата генерација паметни телефони на поранешниот лидер Блекбери не им помогна на Канаѓаните да зајакнат и се очекува голем рез – отказ за 40 отсто вработени. Како што наведе весникот „Волстрит џурнал“, компанијата ќе мора да даде откази на 5.000 луѓе, а извесно е и дека во пакет ќе се обиде да најде и нов сопственик. По големите загуби поради неуспесите во обид да се влезе на пазарот на таблети со Плејбук и континуираниот пад на бројот на корисници на телефоните на Блекбери, компанијата од август практично е на продажба. Меѓутоа, како што пишува весникот, за сега не успеала да привлече ниту една понуда, а тоа може да биде уште потешко по 27 септември кога ќе бидат објавени резултатите за изминатиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП