17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри руски сценарија за горната цена на нафтата

Три руски сценарија за горната цена на нафтата

Русија до крајот на годината ќе заземе конечна позиција за „плафон цената“ од 60 долари за барел, а експертите сметаат дека најверојатно е целосна забрана за испораки по „плафонска“ цена.

Руската влада и раководството на земјата разгледуваат три опции за одговор на воведувањето на „плафонска цена“ за увоз на руска нафта, која ја поставија ЕУ и земјите од Г7. Повикувајќи се на извори блиски до руската влада, „Ведемост“ утринава објави дека првата опција е: целосна забрана за продажба на нафта на земјите што го поддржаа ограничувањето, вклучително и ако ја купат од Русија преку посредник. Ова значи дека продажбата ќе биде забранета ако неутрална земја формално ја купи нафтата, но членка на Г7 стане нејзина крајна дестинација.

Друга опција е да се забрани извозот според договори кои вклучуваат примена на ценовни плафони, без оглед на земјата во која оди нафтата. Третата опција е воведување „индикативна цена“, односно определување на максимален попуст за руската нафта „Урал“ во однос на референтната цена на нафтата „брент“. Опцијата со фиксен попуст, според друг извор на овој руски медиум, е најмалку веројатна од трите споменати погоре.

Според еден од соговорниците, во моментов ниту една од овие опции не е одобрена, можни се и други опции или нивна комбинација. Во вторник, претставниците на нафтената компанија требаше да разговараат на оваа тема со претседателот Владимир Путин.

Руските власти повеќе пати изјавија дека нема да доставуваат нафта за клиентите кои се приклучија на плафонот на цената. Вицепремиерот задолжен за енергетика, Александар Новак, во вторникот најави дека повисоката цена на руската нафта само ќе доведе до зголемување на нејзината цена на пазарот, дека во текот на овој месец производството ќе остане на нивото од претходниот месец, додека во иднина е можен благ пад. Механизмот за забрана на руските нафтени компании да продаваат нафта по повисока цена ќе биде усвоен пред крајот на годинава, вети Новак, пренесува „Ведомости“.

Минатата недела, членките на ЕУ се договорија за горна продажна цена на руската нафта од 60 долари за барел, со последователни корекции на секои два месеци, почнувајќи од јануари 2023 година. Одлуката се однесува на снабдување со нафта по море, а ограничувањето не влијае на транспортот од цевководи. Испораките на нафта и нафтени деривати од Русија до земјите од Г7 и ЕУ во 2021 година изнесуваат 214,7 милиони тони за вкупно 109,5 милијарди долари, што е 68 до 70 отсто од вкупниот извоз на нафта на светскиот пазар. Минатата година, суровата нафта и нафтените деривати учествуваа со 37 отсто од вкупниот извоз на стока на Русија, покажуваат податоците на руската Федерална царинска служба.

Портпаролот на американското Министерство за финансии проценува дека 10 до 20 отсто од рускиот извоз, односно 1 до 2 милиони барели дневно, може да падне под горната граница на цената на нафтата, потсетува „Ведемости“ на вестите на Ројтерс од 21 октомври. Во септември годинава извозот на нафта од Русија изнесуваше 7 милиони барели дневно, а до крајот на ноември испораките на руска нафта во Европа, без Турција, паднаа на 460.000 барели дневно. Од оваа количина, по стапувањето во сила на „плафонската цена“ (5 декември) ќе треба да се најдат нови продажни пазари за 335.000 барели дневно, процени „Ведомости“.

Михаил Василиев, главниот аналитичар на „Совкомбанка“ вели дека најверојатна е втората опција, со забрана за какви било испораки по договори, каде што „плафонот“ е еден од условите. И потрошувачите и производителите на нафта се заинтересирани да воспостават такви синџири на снабдување со цел да се зачува руската нафта и да се спречи растот на цената на нафтата во услови на зимската грејна сезона и висока глобална инфлација, истакна експертот.

Спроведувањето на споменатото сценарио практично нема да влијае на цената на нафтата на среден рок, бидејќи рамнотежата на понудата и побарувачката ќе остане, очекува Василиев. Краткорочно, додека не се воспостават нови руски синџири за снабдување со нафта, веројатно е одредено зголемување на цената поради можните локални недостиг на пазарот, признава аналитичарот. Но, тоа е можно да се избегне, бидејќи партиите однапред се подготвуваа за „ценовниот плафон“, заклучи експертот.

Весникот го цитира и високиот аналитичар на „Алфабанка“ Никита Блохин, кој смета дека втората опција изгледа најреална. Блохин забележува дека оваа опција веќе ја најавија Новак и Песков. Аналитичарот потсетува дека рекле дека Русија ќе се задоволи само со пазарните цени, односно од нивоата на кои сега се продава руската нафта. Според неговото мислење, може да се зборува и за претседателски декрет или директива што ќе им биде издадена на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП